Во младинските лиги во Македонија ќе играат 108 екипи

Ракометната федерација на Македонија ги извести клубовите за стартот на претстојната сезона во младинските категории.

Пријавени се вкупно 108 екипи во сите младински категории (шест) во машка и женска конкуренција.

Сепак дополнително ќе бидат потврдени бројот на клубовите, системот на натпреварување и пропозициите.

Есенскиот дел од лигите би требало да започне кон крајот на септември, односно почетокот на октомври.

Младинци – 13 екипи, еднокружен систем
Младинки – 10 екипи, еднокружен систем
Кадети – 27 екипи, три групи
Кадетки – 13 екипи, еднокружен систем
Пионери – 28 екипи, три групи
Пионерки – 17 екипи, две групи