Во Мешков Брест дури девет ракометари позитивни на коронавирус!

Откако минатата недела во белорускиот првак Мешков Брест се појавија првите позитивни случаи на коронавирус, на најновото тестирање е утврдено дека дури девет ракометари имаат Ковид-19!

Минатата недела позитивни беа само Александар Шкуринскиј и уште тројца помлади ракометари, додека оваа недела уште петмина се на списокот. Меѓу нив и голманот Иван Пешиќ.

Екипата веќе е во карантин и сите нивни ракометари ќе ги прескокнат репрезентативните акции во квалификациите за Европското првенство за Унгарија и Словачка, а ќе се вратат на тренинзите во втората недела од ноември.

Натпреварот на Мешков Брест против норвешкиот Елверум од претходно беше одложен поради строгите ковид-протоколи во скандинавскаа земја.