„Во Македонија докажав дека вредам, Бабиќ верува во мене“

Унгарскиот репрезентативен голман и член на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ, во интервју за „Nemzeti Sport“ говореше за впечатоците од ЕХФ неделата во која неговата селекција одигра два натпревари против БиХ, а во дел од интервјуто и за неговиот престој во Битола.

Чуварот на мрежата на „фармацевтите“ истакна дека добива голема поддршка од тренерот Бабиќ. Бидејќи унгарскиот голман во Битола допатува без своето семејство, во неколку наврати му било дозволено од тренерот на клубот да отпатува во Унгарија за да може да се види со своите најблиски.

„Јас сум таму сам, тоа е многу тешко, но за среќа мојот тренер ми е огромна поддршка и при мала можност во секое време, ми нуди да одам кај моето семејство доколку сакам. Како и да е, тука е шармот на животот во странство, културата е многу различна, луѓето се различни, секој ден можеш да научиш нешто ново. Научив многу за време на мојот престој во странство, бев во тешка ситуација во Порто, но во Македонија покажав и докажав дека вредам, тренерот има доверба во мене и добив минутажа меѓу стативите“, изјави Секељ.

По репрезентативните обврски, во текот на утрешниот ден, Секељ ќе се врати во Битола. Следниот собир на унгарската репрезентација ќе биде на 16 декември.