Во Косово се играше ракомет, Беса стана шампион

Иако во повеќето европски земји беа завршени првенствата поради пандемијата со коронавирусот, сепак во Косово шампионот се доби на терен.

Тимот на Беса Фамгас стана шампион откако во финалната плеј-оф серија славеше на двете средби против тимот на Приштина.

На гости во првиот натпревар екипата предводена од шпанскиот стратег Хавиер Кабањас славеше на гости со 26-38, а во вториот меч на домашен терен Беса победи со 29-25.

Овој клуб ќе биде претставник на Косово во Лигата на Европа.