Во два дена, две победи: Јанеска и Гакидова убедливо до полуфинале на турскиот плеј-оф

Тимот на Анталија Коњалти, каде што играат двете македонски репрезентативки Ивана Гакидова и Моника Јанеска, обезбеди место во полуфиналето на турскиот плеј-оф.

На гостински терен Коњалти триумфираше со 35-30, додека на домашен терен беше подобар од ривалот со 39-30.

Коњалти во два дена ги одигра двата меча и славеше две убедливи победи против Текирдаг, па немаше потреба од мајсторка, односно трет меч.

Гакидова не се запиша во листата на стрелците, додека Јанеска беше меѓу најефикасните и постигна девет гола на двата меча.

Во полуфиналето на плеј-офот, Коњалти ќе се сретне со подобриот од серијата меѓу Измир и Јенимале, а дотогаш тимот од Анталија ќе се посвети на европските дуели и финалето во Европскиот Куп.