„Во Вардар имав повеќе време да се подготвувам за ЛШ, а во Париз не можам ни да се наспијам“

Тренерот кој му ја донесе првата европска шампионска титула на Вардар, Раул Гонзалес во интервју за шпанските медиуми зборуваше за разликата помеѓу Вардар и ПСЖ.

Според Раул квалитетот на првенството во Франција не дозволува тренерот да има доволно време да се подготви за секој натпревар, како што тоа беше случај во Вардар.

„Јас сум млад тренер, но можам да кажам дека има разлика помеѓу тренинзите во Вардар и сега во ПСЖ. Во Вардар имав повеќе време да се подготвам за натпреварите во Лигата на шампионите. Во Париз сега е поинаку, лигата е посилна и немамм време ни да се наспијам. Понекогаш одиме на натпревар во Лигата на шампионите без подготовка каква што би сакал да направам. Првата година беше навистина тешка“, раскажа Раул Гонзалес.

Откако минатата сезона не успеаја да обезбедат пласман на завршниот турнир и беа елиминирани од Келце, ракометарите на ПСЖ ќе настапат на годинешниот Ф4 кој треба да се одигра во декември. На турнирот ќе настапат најдобрите екипи од групната фаза, Кил, Веспрем, Барселона и ПСЖ.