Во Богданци се работи на проектот „Суперлига“ – подготовките стартуваат на крајот на јули

Тимот на Младост Богданци, во претстојната сезона ќе се врати во елитната конкуренција во Македонија.

Тренерот Мите Стоилов ќе ги собере ракометарите на 28 јули, кога ќе започнат подготовките во салата „Млаз“ во Богданци.

Богданчани откако ги продолжија договорите со повеќето староседелци, донесоа и три засилувања.

Станува збор за десните крила Иван Стојчевски и Никола Димитров, како и пикерот Небојша Василевски.

До стартот на подготовките би требало да се приклучат уште две засилувања, а во комбинација се средниот бек Богдан Николиќ и левиот бек Петар Абрамовиќ од Црна Гора.