Војводина продолжува да се засилува – донесе уште двајца играчи

Шампионот на Србија, Војводина продолжува со засилувањата за новата сезона. Амбициите на клубот се поголеми, па така поголеми ќе бидат и вложувањата во играчкиот кадар.

Раководството на клубот реши да ангажира уште двајца нови ракометари. Станува збор за Нејц Жмавц, ракометар кој игра на позиција пикер и десното крило, Алекса Кљајиќ.

Жмавц во Војводина ќе пристигне од австриската екипа Алпла Хард. Може да игра и во два правци, напад и одбрана. Во својата кариера имаше настапи и за екипите на Пуерто Сагунто, Ахилес Бохолт и Марибор. Со споменатите екипи има исксутво со настапи во европските купови.

Алекса Кљајиќ во Војводина ќе биде замена за Страхиња Станковиќ и се очекува да биде еден од носителите на играта во тимот.

Младиот ракометар беше дел и од екипите на Олимпијакос, Металопластика Шабац, Црвена Звезда и Железничар Ниш. Со екипите на Металопластика и Железничар настапуваше во рамките од ЕХФ Купот.

Претходно, Војводина се засили со поранешниот ракометар на Вардар, Грегор Оцвирк. Плановите на Војводина за следната сезона на европска сцена се пласман во групната фаза од Лига на Европа.