Medals Ceremony, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Stockholm, 29.01.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Високи премии: Секој дански репрезентативец ќе добие по 55 просечни македонски плати!

Репрезентацијата на Данска на Светското првенство во Полска и Шведска го освои златниот медал и стана единствената репрезентација која трет пат по ред е најдобрата селекција на светот.

Според пишувањата на данскиот весник Екстрабладет, сите играчи на данската репрезентација, без разлика колку време минале на теренот на Мундијалот, ќе добијат високи премии.

Сумата која што ќе ја добие секој ракометар на данската репрезентација изнесува колку 55 просечни плати во Македонија. Секој играч на старо-новиот светски шампион ќе добие 220.000 дански круни, односно 30.000 евра од данската федерација.

Ако се земе во предвид дека просечната плата во Македонија е 33.000 денари, тогаш сите членови на составот на Николај Јакобсен за освоениот златен медал ќе бидат наградени со по 1.815.000 денари.