Висла Плоцк на шопинг во Веспрем

После 11 години во редовите на Веспрем, ветеранот од Босна и Хецеговина, Мирсад Терзиќ на крајот од оваа сезона го напушта шампионот на Унгарија. Ракометарот кој има 37 години, сепак, веќе успеа да најде клуб и кариерата ќе ја продолжи во првенството на Полска.

Тој потпиша договор на две сезони со тимот на Висла Плоцк и ќе биде големо засилување за одбраната. Се работи за еден од најдобрите дефанзивци, кој треба да биде од голема помош за екипата што во последните години ја губи битката со Келце во Полска.

Тренерот на Висла, Хавиер Сабате добро ги знае квалитетите на Терзиќ, па тој посака да го има во своите редови искусниот ракометар со кој ќе има далеку поцврста одбана во следната сезона.

Двајцата соработуваа во периодото од 2012 до 2017 година во Веспрем. Првите три години Сабате беше асистент, а потоа две години тренер, па ова ќе им биде обновување на соработката.