Висла плати 100.000 евра за репрезентативец на Хрватска

Екипата на Висла Плоцк успеа да наплати од Вардар за ракометарот од Франција, Тото, а дел од тие пари ги потроши за ангажирање на ракометарот на Адемар Леон, Тин Лучин.

Репрезентативецот на Хрватска кој има 22 години и игра на позицијата среден бек за да биде ослободен од обврските од клубот мораше да бидат уплтени 100.000 евра така што ова е солидно обесштетување за млад ракометар.

Лучин во последната сезона имаше два натпревари против Висла Плоцк во Лигата на Европа и на нив постигна 11 погодоци. Добрите игри во последата сезона беа причина за да биде повикан и во сениорската репрезентација, но и веќе да потпише четиригодишен договор со тимот на Висла Плоцк.

Пред за мине во Шпанија тој го носеше дресот и на екипите на Замет и ППД Загреб