Вирус ги покоси бутелци, дербито со Охрид ќе се игра другата среда!

Викендов на сцена се враќа и клупскиот ракомет. В сабота и недела ќе се одиграат четири средби од 15 коло во Суперлигата, а дуелот меѓу Бутел и Охрид има нов термин.

Поради болест на поголем дел од ракометарите на Бутел Скопје, дербито е одложено за три дена.

Според првичниот план требаше да се одигра в недела, а новиот термин е следната средба со почеток во 19:00 часот во спортската сала „Антон Димитров“.

В сабота Радовиш на домашен терен ќе игра со тимот на Пролет, за кои треба да дебитираат Мујиќ и Ангелов, а Еурофарм Пелистер 2 ќе игра со Работнички во Битола.

Струга ќе игра против Металург исто така в сабота, додека в недела на пладне ќе се одигра интересен дуел меѓу Вардар Јуниор и Металург 2