Почна чистката во Веспрем

Поранешниот репрезентативец на Данска, Николај Маркусен и официјално беше промовиран во данскиот Твис Холстебро.

Данецот имаше активен договор со Веспрем до следното лето, 2022 година, но чистката во унгарскиот вицепрвак по слабите резултати почна токму со Маркусен, кој доби раскин на договорот една година порано.

Маркусен со екипата на Холстебро потпиша договор на пет години, па така искусниот ракометар до крајот на својата кариера ќе игра во новиот клуб.

Во февруари 2019 година, Маркусен се договори и потпиша за Веспрем иако имаше важечки договор на уште три сезони со Бјерингбро Силкеборг. Сепак не ги оправда очекувањата во Унгарија.

Во својата кариера, Маркусен настапуваше и за екипте на Атлетико Мадрид, Скјерн и Бјерингбро Силкеборг.