Веспрем пријави уште еден ракометар заразен со коронавирус

После потврдените случаи во вторникот, на денешните контролни тестирана на екипата, Веспрем пријави уште еден ракометар кој е заразен со коронавирусот.

Последните тестирања покажаа дека египетскиот репрезетативец во редовите на Веспрем, Омар Јахија е позитивен на Ковид-19, додека сите останати тестирани имаат негативен резултат.

Претхотно ракометарите кои имаат потврден позитивен тест ќе останат во карантин две недели, а истото важи и за последниот позитивен Јахија, додека останатите ќе имаат нови контролни тестрирања пред да продолжат со тренинзи.

Претходно заради коронавирусот беше одложен натправарот од Лигата на шампионите помеѓу Веспрем и Барселона.