Веспрем најде десен бек – доаѓа Бранко Вујовиќ!

Црногорскиот репрезентативен десен бек Бранко Вујовиќ по само една полусезона ќе замине од бундеслигашот Хановер и ќе го засили унгарскиот гигант Веспрем, дознава 24Ракомет.

Веспрем беше во потрага по леворак играч по повредата на египетскиот репрезентативец Омар Јахија, а таа заврши во Германија. Вујовиќ имаше потпишано договор со полскиот Келце до 2026 година, а беше позајмен летово во Хановер на три сезони.

Црногорецот како 17-годишник од Сутјеска Никшиќ во 2015 година се пресели во Келце, но беше позајмен во словенечкиот Целје. По доаѓањето сезонава на Недим Ремили, а на неговата позиција игра и Алекс Душебаев, Вујовиќ реши да си ја побара среќата на друго место.

Веспрем со ангажманот на Вујовиќ добива на квалитет, а тој ќе формира дуо со унгарскиот репрезентативец Зоран Илиќ.