По Тонесен, Веспрем останува без уште една ѕвезда?!

Додека трае Светското првенство во Египет некои ракометари го користат овој период да најдат нов клуб и да ја обезбедат својата иднина. Големата кокуренција во шампионот на Унгарија, Веспрем ќе донесе промени во тимот претстојното лето.

Во минатото најголемите ривали од Унгарија досега многупати преку трансфери си разменувале играчи, а веројатно ќе биде така и сега. Откако беше најавено дека Кент Робин Тонесен ќе премине од Веспрем во ПИК Сегед веројатно уште еден соиграч ќе оди по неговите стапки.

Според пишувањето на handball-planet.com, од претстојното лето, средниот бек на Веспрем и француската репрезентација, Кентан Мае ќе биде ново засилување за екипата на Хуан Карлос Пастор, ПИК Сегед.

Во минатото од Веспрем во ПИК Сегед се преселија Мирко Алиловиќ, Роланд Миклер Борут Маќковшек…Според овие најавени трансфери можеме да заклучиме дека во ПИК Сегед сериозно работат на тоа да ја преземат шампионската титула од Веспрем во следните шампионати.