Веспрем донесе уште еден чувар на мрежата

Унгарскиот шампион Веспрем новата сезона ќе ја започне со двајца нови чувари на мрежата.

Откако беше промовиран шпанскиот голман Игнасио Начо Биоска како замена за Владимир Цупара, Веспрем го промовира и младиот Унгарец Бенедек Наѓ.

Биоска и Наѓ ќе формираат трио со репрезентативниот голман на Шпанија, Родриго Коралес во претстојната сезона.

Наѓ има 21 година, беше дел од Веспрем, но минатите три сезони ги мина на позајмица во Ѓенѓеш и Татабања.