Дејвис доби отказ од Веспрем!

Веспрем по елиминацијата од Лигата на шампионите, ја загуби и титулата во домашниот шампионат.

По шокантниот пораз од ПИК Сегед во реванш дуелот, раководството на унгарскиот гигант не чекаше долго да се раздели од тренерот.

Иако имаше активен договор, шпанскиот стратег Давид Дејвис доби отказ и ќе си замине по три сезони.

44-годишниот Дејвис пред Веспрем, беше дел од Вардар и од ЖРК Вардар, а работеше и во репрезентациите на Египет и Русија.