Веспрем веднаш најде замена за Цупара

Унгарскиот шампион Веспрем порано од предвиденото се раздели со искусниот Владимир Цупара, кој од следната сезона 2023/24 ќе настапува за Динамо Букурешт.

Раководството на Веспрем веднаш се вклучи на трансфер пазарот и реши во своите редови да го донесе Игнасио Биоска, кој во вториот дел од минатата сезона бранеше за полскиот вицепрвак Висла Плоцк.

27-годишиот голман во својата кариера го носеше дресот и на Кадетен Шафхаузен, Адемар Леон, додека неговите први почетоци беа во Барселона.

Веспрем претходно се засили со клупскиот колега на Биоска, левиот бек Марк Косоротов, како и со Уго Деска, Лудовик Фабрегас, Лукас Сандел и Аугустин Касадо.