Веспрем, Бутел Скопје, Веспрем – вардарци ги чекаат три средби за седум дена

Ракометарите на Вардар ќе одиграат три средби во периодот од 1 до 8 април, од кои две ќе бидат од Лигата на шампионите.

Првиот меч со Веспрем, „црвено-црните“ ќе го одиграат в четврток во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.

На 4 април требаше да се игра дуелот со Војводина во Нови Сад од СЕХА лигата, но тој е одложен, па вардарци ќе се соочат со Бутел Скопје на гостински терен во меч од 4. коло во суперлигашкиот плеј-оф. Мечот започнува од 17:00 часот.

Реваншот со Веспрем е на програмата на 8 април во „Веспрем Арена“, по што Вардар ќе се врати на домашните обврски и на 11 април треба да игра дома против Струга.