Веспрем без Французинот доаѓа кај Вардар: Мае мора на операција!

Францускиот репрезентативец и ракометар на Веспрем, Кентан Мае, кој се повреди на натпреварот против Еурофарм Работник во СЕХА лига, мора на операција и ќе биде надвор од терените четири месеци.

На Французинот ќе му биде извршена операција на коленото в среда во Париз по што ќе има прилично долг период на рехабилитација. Тоа значи дека Мае ќе го пропушти дуелот со Вардар од ЛШ, а ќе недостасува и во репрезентацијата на Франција на Европското првенство во јануари.

Покрај Мае, во составот на унгарскиот гигант за дуелот против Вардар нема да биде ниту плејмејкерот Мате Лекаи, но тоа не значи дека тимот на Веспрем нема да биде опасен. Дејвис ги има на располагање Лауге и Ненадиќ на средната бековска позиција.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра в недела со почеток во 17:00 часот.