Векиќ: Имавме долга пауза, ни следи важен натпревар против Флензбург

Десниот бек на Вардар, Јосип Векиќ е еден од највисоките ракометари во Лигата на шампионите. Се работи за млад играч кој летово пристигна од ППД Загреб и кој има повеќе дефанзивни отколку офанзивни задачи.

Пред дуелот со Флензбург вели дека ова ќе биде многу важен натпревар за Вардар.

Добро се знае дека Вардар немаше натпревар цел месец односно откако гостуваше кај Мешков Брест два дуели беа одложени и немаше можност да се играат официјални средби.

Ова е натпревар на кој треба да се покаже дали за време на паузата од еден до друг меч во Лигата на шампионите.

„Ни следи доста важен и сериозен натпревар кој е многу важен за нас. После долга пауза и две откажани средби, конечно ќе одиграме еден дуел во Лигата на шампионите. Работевме доста на тренинзите, максимално се бориме на секој тренинг и се подготвуваме за Флензбург. Одигравме и две контролни средби, па ќе видиме што ќе биде в четврток“, коментира Векиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Флензбург ќе се одигра утревечер од 20:45 часот. Средбата се игра во СЦ „Јане Сандански“ без публика, но со преност на МТВ.