Вајлупов продолжи таму каде што застана лани, ги полни головите на ривалите

Ракометарот на Мешков Брест, Никита Вајлупов продолжува со одличната форма и во новата сезона така што нема милост за ривалите и ги полни головите. Тој одигра одлична средба против Мотор Запорожје во победата од 31:26.

Ова беше втора контрола меѓу овие да тима, а Вајлупов на истата имаше 11 погодоци, додека втор стрелец беше поранешниот ракометар на Вардар, Сташ Скубе со пет гола. Вајлупов и минатата година беше еден од играчите кои постигнуваа најмногу голови во Мешков Брест, а беше и еден од најефикасните во СЕХА лигата.

Мешков Брест е противник на Вардар и тоа уште во првиот дуел од сезоната во Лигата на шампионите. Вардарци ќе гостуваат во Белорусија на 16 септември.

Инаку, првиот дуел меѓу Мешков Брест и Мотор заврши со победа на шампионот на Белорусија од 30:27.