Вардар ќе има поддршка од „Комити“ во Белград

Ракометарите на Вардар денес му гостуваат на Партизан во Белград во рамките од последното коло од групната фаза во регионалната СЕХА лига.

На првиот дуел, кој беше одигран во Скопје, победа остварија избраниците на Владо Недановски, триумфираа со пет гола разлика, 31:26.

Според најавите, македонскиот шампион на денешниот дуел во СЦ „Вождовац“ ќе има поддршка од околу 100 навивачи.

На натпреварот е најавено и присуство на навивачката група „Гробари“, така што се очекува убава атмосфера на трибините.

Натпреварот меѓу Партизан и Вардар ќе се одигра со почеток од 18:00 часот.