Вардар ќе бара рехабилитација против Тиквеш, Бутел и Металург на дерби двобој

Во текот на утрешниот ден и в четврток ќе се одиграат шесте натпревари од 10 коло во Суперлигата, кое доаѓа по ЕХФ неделата и репрезентативните обврски.

Вардарци против Тиквеш на домашен терен ќе бараат рехабилитација за загубениот натпревар во Битола од Еурофарм Пелистер 2, додека младите битолчани можат со триумф против Радовиш на гости да се искачат и на третото место.

За тоа ќе му треба помош од првата битолска екипа, која дома го чека Пролет и сигурно нема да има проблем да стигне до победа, а екипата на Скопје е во потрага по првиот суперлигашки триумф против незгодната Струга.

Охрид нема право на кикс на домашен терен против Прилеп, а истото се однесува и на Бутел Скопје, кој го пречекува Металург. Избраниците на Кристијан Грчевски со триумф против тимот од Автокоманда ќе го зацврстат своето место во битката за плеј-оф.

Суперлига, 10 коло, распоред:

10/11, 17:30 часот, Вардар – Тиквеш
10/11, 18:00 часот, Скопје – Струга
10/11, 18:00 часот, Охрид – Прилеп
10/11, 18:00 часот, Радовиш – Еурофарм Пелистер 2
10/11, 19:00 часот, Бутел Скопје – Металург
11/11, 18:00 часот, Еурофарм Пелистер – Пролет

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515