Вардар уште еднаш против Пик Сегед, овој пат во натпреварот на неделата

Ракометарите на Вардар вчера го одиграа натпреварот против Пик Сегед на домашен терен, а брзо доаѓа и средбата која треба да се одигра против истиот ривал на гости.

Вардарци ќе гостуваат в четврток во Унгарија, а средбата почнува од 18:45 часот. Од ЕХФ падна одлука овој натпревар меѓу големите ривали да биде поставен како натпревар на неделата во Лигата на шампионите.

Дека го заслужува овој епитет овој двобој се виде уште на претходната средба која вчера мина во голема неизвесност односно имаше големо надигрување во текот на сите 60 минути и неколку пресврти.

Сосема извесно е дека така ќе биде и на реваншот кога се очекува одново да биде интересно и возбудливо и сигурно ќе има што да се види од двата тима в четврток.