Вардар тренира ама не е комплетен, двајца се неивесни за Порто

Победата против Флензбург го зема својот данок, а екипата на Вардар не може да одработи во комплетен состав пред натпреварот против Порто.

Покрај Томи Јагуриновски кој беше позитивен на Ковид 19 и беше во изолација на тренинг нема уште двајца ракометари на „црвено-црните“. Алушовски викендов ги немаше сите на располагање така што останува да се види дали ќе бидат подготвени за в четврток.

Пред натпреварот со Флензбург на болки се жалеше Марко Вујин, но тој играше на средбата. Сега покрај него има уште еден играч.

Меѓу повредените е и Кристијан Дисингер кој заработи повреда на дуелот против Флензбург. И двајцата не беа во можност да одработат на последните два тренинзи.

„Марко Вујин имаше повреда на препоните уште пред дуелот со Флензбург и сега тој доби поштеда. После натпреварот во четвртокот на болки се пожали и Кристијан Дисингер. Тој беше потегнат за рамо на овој дуел и се пожали на болки така што не е во можност да тренира. Вчера и денеска моравме да одработиме два тренинзи без нив. Инаку, докторскиот тим прави сè што може за да ги оспособи за настап“, коментираше за 24 Ракомет тренерот на Вардар, Стевче Алушовски.

Средбата меѓу Вардар и Порто се игра в четврток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.