Вардар со три голмани, Флензбург со 13 ракометари (ФОТО)

Екипите на Вардар и Флензбург денеска од 20:45 часот ќе го одиграат натпреварот од 4. коло од Групата А од Лигата на шампионите.

Ова е прв натпревар за Вардар после подолга пауза, а тренерот Стевче Алушовски денеска не може да смета на Томислав Јагуриновски, кој е во изолација.

Затоа на терен ќе има тројца голмани откако реши меѓу оние 16 кои ќе играат да ги вброи тројцата голмани Ристовски, Кантегрел и Кизиќ.

Гостите исто така не се во комплетен состав. Имаат проблеми со повредени играчи, па на овој дуел ќе бидат со 13 ракометари на терен. Сепак, јасно е дека и со овие 13 ќе бидат сериозен ривал и нема да биде воопшто лесно да се одигра.

Средбата се игра во СЦ „Јане Сандански“, а ќе се игра без присуство на публика.