Вардар со негатива од четири голови по првата четвртина против Веспрем

По првите триесет минути во спортскиот центар „Јане Сандански“, Вардар има негатива од четири голови против Веспрем, 11-15. Дуелот во Скопје е прв во двомечот од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, победникот ќе се соочи со Алборг во четвртфиналето.

Вардарци започнаа одлично во одбрана, но покрај и цврстата игра и пожртвуваноста, Мае успеа да го постигне првиот гол за гостите, а потоа и од контра да им донесе на гостите предност од 2-0. „Црвено-црните“ бргу се консолидираа, и со почетниот удар од далечина на Талески ја отворија низата голови која им донесе предност од 4-2 во 9 минута. Во овој период Веспрем направи низа грешки во нападот, имаа неколку непрецизни додавања кон пивотот и крилата, а на спротивната страна Вардар пробиваше на линијата од 6 метри.

Веспрем дури во 10 минута повторно успеа да го совлада Томовски, а резултатот на семафорот беше 5-3. Во следниот напад одличниот македонски репрезентативец Филип Талески повторно од далечина го матираше гостинскиот голман, Коралес. Затоа разликата се задржа на „плус три“ за Вардар. Безидејната игра на Веспрем во нападот го принуди тренерот Илиќ да го повика првиот тајм-аут. По минутата пауза, Веспрем благодарение на расположениот Коралес, преку Нилсон и Штрлек ја врати резултатската неизвесност. Но на спротивната страна македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски го одржуваше Вардар во минимална предност.

Средината на првиот дел помина во знакот на Веспрем, „црвено-црната“ одбрана немаше решение за корпулетниот пивот Нилсон, двете екипи направија неколку технички грешки, а во 23. минута токму преку четвртиот гол на Нилсон, Веспрем го изедначи резултатот, а потоа по воведните 0-2, поведе со 9-10 (24. минута).

Веспрем како започна, така и финишираше, прво Ненадиќ од пенал ги врати гостите на „плус два“, а Македа од контра на две мнинути до крај ги постави првите три голови разлика за унгарскиот вицепрвак. На спротивната страна единствен расположен играч беше Филип Талески, па затоа разликата во самиот крај на првото полувреме Веспрем имаше највисока предност. Преку Лекај ги постави највисоките „четири голови разлика за 11-15.

Најпрецизен во првиот дел беше Нилсон со 5 голови, додека кај Вардар Талески постигна 6, а Дибиров 3.