Вардар си договори пријателска – Бутел Скопје ќе го глуми Флензбург

Екипата на Вардар нема официјален натпревар речиси еден месец, а за следниот дуел од Лигата на шампионите ќе мора да се подготвува на контролни средби. Веќе е договорен пријателски натпревар, а ривал ќе биде составот на Бутел Скопје.

Во моментов екипата на Бутел Скопје нема натпревари, па може да спарингува со „црвено-црните“ и да помогне да се одржува натпреварувачката форма.

Средбата треба да се одигра утре во СЦ „Јане Сандански“, а веќе е познато дека Вардар натпреварот против Флензбург ќе го игра следниот четврток на домашен терен (секако доколку нешто не се изјалови повторно и има некаква причина за ЕХФ за одлагање).

Кај тренерот на Вардар, Стевче Алушовски имаше желба за играње на натпревар и со Металург, па останува да се види дали до крајот на оваа седмица ќе има натпревар и против тимот кој почнува со подготовките за групната фаза од Лигата на Европа.

Тест Галерија Металург Вардар

По одложените натпревари против Елверум и ПИК Сегед, ракометарите на Вардар ја одржуваат формата пред средбата со Фленсбург во Лигата на шампионите. Откако триумфираа против Бутел Скопје со 29-22, вечерва избраниците на Стевче Алушовски прославија победа и над големиот ривал Металург со убедливи 37-28.