Вардар по четврта Супер куп круна, Еурофарм Пелистер по прекин на доминацијата

Составите на Вардар и Еурофарм Пелистер денеска ќе играат во четвртиот Супер куп на Македонија на кој ќе има сигурно големо надигрување и обид да се одработи предвиденото.

Вардар досега има три трофеи обезбедени на пресметките со Еурофарм Работник, а двапати со Металург. Минатата година натпревар од Супер купот не беше одигран, па годинава ќе биде четвртото издание.

Ова дефинитивно ќе биде интересна средба на која и двата тима ќе имаат што да покажат. Во салата во СЦ „Борис Трајковски“ нијанси ќе решаваат кој ќе се радува на првиот трофеј во сезоната. Вардар оди по четвртиот пехар, додека Еурофарм Пелистер ќе се обиде да ја прекине „црвено-црната“ доминација.

Во продолжение можете да видите какви беа резултатите на претходните дуели.

СУПЕР КУП НА МАКЕДОНИЈА (МАЖИ)

2017 (СКОПЈЕ)

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК          30:25

Кристопанс 4, Кањелас 4, Шишкарев 4 – Ојлески 8, Мајнов 6, Чурлевски 5

2018 (СТРУГА)

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ    33:24

Дибиров 8, Кисељев 4, Скубе 4 – Димитриоски 4, Танкоски 4, Кузмановски 4

2019 (КУМАНОВО)

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ    26:24

Горбок 6, Дибиров 5, Калараш 4 – Додиќ 5, Јагуриновски 4, Поповиќ 3