Вардар потврди уште едно засилување – Мело две години „црвено-црн“

Како што најави 24Ракомет, младинскиот репрезентативец на Португалија, Нилтон Мело (19) ќе го носи дресот на поранешниот македонски шампион Вардар.

Од тимот на Вардар денес го официјализираа трансферот на младиот ракометар од Португалија, откако потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“.

Португалецот игра на позиција лев бек и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски кои играат на истата позиција во тимот.

Претходно Вардар потпиша и со Кубанецот Хансер Микел Родригер кој може да игра на три позиции (лево крило, лев бек и среден бек).

Младиот Нилтон потекнува од Спортинг Лисабон, но во борба за минутажа често настапувал како позајмен ракометар. Има само 19 години, а изминатава сезона играше во португалското првенство за Викторија каде има настапено на 24 натпревари.

Нилтон ги мина лекарските прегледи и веќе неколку денови тренира со тимот, и ќе продолжи со подготовките за новата сезона. Покрај Скопје, тимот заминува за Маврово каде ќе остане повеќе денови и ќе собира сила пред да почне да игра контролни средби.

Покрај Нилтон Мело, за Вардар досега потпишаа и Кубанецот Хансер Микел Родригез, Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ и Матија Николиќ.

Португалски тинеjџер доаѓа во Вардар