Вардар подготвува забава за навивачите – ќе има фан зона пред мечот со Веспрем

Вардар утре го игра осминафиналниот натпревар против Веспрем во Лигата на шампионите, а пред овој дуел од таборот на црвено-црните најавија дека ќе приредат фан зона за забава на навивачите.

Во фан зоната навивачите ќе можат да уживаат во добра музика, но и да се фотографираат со маскотите кои се присутни на домашните натпревари на Вардар.

„Фан зоната ќе биде во задниот дел од салата кај тениските терени, ќе биде отворена од 16 часот па се до почетокот на натпреварот. Покрај убавата атмосфера ќе има и добра музика со Ди-Џеј за забава на присутните, продажба пијалоци.  Но, тоа нема да биде се… Селфи е дозволено и пожелно. Маскотите што ги гледате во салата сега ќе бидат блиску до навивачите и ќе можете и со нив да се фотографирате“, соопштија од Вардар

Натпреварот кој е прв од двомечот е во терминот од 18:45 часот, а реваншот е закажан за на 5-ти април во „Веспрем Арена“.