„Вардар не дава лесно бодови во Скопје“

Ракометарите на Вардар денеска ќе го одиграат вториот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите, а ривал ќе биде германскиот Фленсбург.

Капитенот Ласе Сван играл против „црвено-црните“ во Скопје и знае како е да се игра тука, но сега нема публика.

„Многу работи се случија периодов. Сепак, Вардар сè уште има многу квалитетни играчи. Не можеш само да дојдеш во Скопје и да ги земеш бодовите со себе. Мораме добро да се подготвиме за натпреварот. Ќе биде тешка ментална задача за нас да се игра два натпревари за краток период, но за нас таков распоред не е новост“, изјави Сван.

Натпреварот меѓу Вардар и Фленсбург се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот