Вардар на гости во Автокоманда, Бутел на испит во Битола

Денеска започнува 7 коло во суперлигашкиот плеј-оф, со што ќе биде комплетиран првиот круг.

Вардар, кој досега има шест победи на шест меча, гостува во Автокоманда кај Металург. Во некои други времиња, ова ќе беше големо дерби, но ниту сега не смее да се потцени домашниот тим, кој колку и да имал слаб ростер секогаш знаел да изненади против „црвено-црните“.

Бутел Скопје, кој имаше шанса во минатото коло за триумф против Металург, гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер 2.

Домашниот тим нема победа во плеј-офот, но во скоро сите натпревари беа конкурентни и не се предаваа. Ако победи Бутел, борбата за место во Европа ќе биде уште повеќе замрсена.

Двата меча, и оној во Автокоманда и оној во Битола, се играат денеска со почеток во 15:00 часот.