Вардар наскоро ги дознава ривалите, на 2 јули е ждрепката за Лигата на шампионите

Новата сезона од Лигата на шампионите во машка конкуренција се очекува да биде уште повозбудлива од актуелната, а Вардар и годинава ќе биде дел од групната фаза. Веќе е познато дека на 2 јули ќе биде одржана ждрепката што значи дека во следните две недели ќе бидат познати сите учесници во новата езона.

Веќе е добро познато дека Вардар е сигурен учесник од Македонија, а сигурно место имаат вкупно десет екипи од оние кои ќе се пријават за настап.

Сепак, ќе има и шест вајлд-карти. Имињата на тимовите кои ќе бидат сигурни за групната фаза ќе бидат познати во текот на следните неколку дена, а ќе биде веројатно објавено и кои состави ќе конкурираат за местата за кои ќе одлучуваат од ЕХФ.

Во текот на следните две недели ќе биде доста интересно бидејќи ќе се очекуваат имињата на сите 16 тимови кои во новата сезона ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите, а воедно ќе стане познато и какво ќе биде рангирањето пред ждрешката.

Оттаму следниот период ќе биде интересен и за играчите и раководството на Вардар, а секако и за сите кои се фанови на шампионот на Македонија.