Вардар лани го надигра и елиминираше од ЛШ – ама тренерот го сметаат за еден од најдобрите на светот

Кои се најдобрите ракометни тренери зависи од тоа кој е вашиот соговорник. Во ситуација кога вакво прашање му поставувате на Веселин Вујовиќ тогаш одговорите сигурно имаат тежина и пред се чест за оние за кои тој зборува.

Во изборот на Вујовиќ за најдобрите три ракометни тренери во светот има и Шпанци, и Французи и Балканци.

Се разбира во моментов некако сите се под влијание на шпанските тренери. Според Вујовиќ еден од најдобрите три тренери во светот е Хуан Карлос Пастор тренерот на ПИК Сегед. Тој од 2013 години е во Унгарија и успеа да ја прекине серијата на Веспрем и последниве години постојано во ЛШ.

„Лани ПИК Сегед загуби од Вардар во четврт-финалето, но според мене Пастор е меѓу најдобрите тренери во светот“, одговори Вујовиќ на прашање на српските тренери на онлајн работилницата.

Во групата на најдобрите тренери се уште и Сеад Хасанефендиќ. Тој е еден од најпознатите тренери од бивша СФРЈ, што бил селектор на Југославија, Швајцарија, БиХ, Тунис, Србија, и во екипите на Металопластика, Кретеј, Хумелс, Иври, Целје, Грањолерс, Минден, Лубек, Гумерзбах…

И на крајот Вујовиќ меѓу најдобрите тренери ги истакнува и Французинот Даниел Константини и Шпанецот Валеро Ривера.