Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел во битка за трофејот во Купот

Со одигрувањето на последните две средби од четвртфиналето, познати се сите полуфиналисти, односно учесници на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Еурофарм Пелистер немаше милост за Пролет и го победи со убедливи 21-36 на гостински терен.

Металург исто така славеше на гостински терен кај составот на Работнички без проблеми со 28-34.

Вардарци уште пред две седмици славеа над Радовиш, а Бутел Скопје го елиминираше тимот на Охрид.

Завршниот турнир во Купот ќе се игра од 21 до 23 мај, а местото на одигрување на натпреварите и полуфиналните двојки ќе бидат дополнително познати.