Вардар донесе млад и талентиран чувар на мрежата

Вложувањето во младите категории и создавање на силна и здрава конкуренција е еден од приоритетите на Вардар.

Како дел од промените кои сезонава се случија во клубот и почнаа „позитивни ветришта“ заложбите на управата се и ангажирање на млади и талентирани ракометари.

Затоа кадетски голман Дамјан Стојковски (16) потпиша договор со клубот и ќе брани за младите категории, но ќе биде и дел од сениорскиот тим. Тој е веќе со тимот на Вардар на турнирот во Струга и добива шанса да го покаже својот талент.

Стојковски работи со првиот тим заедно со Александар Рогановиќ кој веќе даде многу позитивни коментари за Стојковски и му предвидува добра кариера ако продолжи да работи напорно како и досега.

Вардар сезонава ќе ги има сите младински категории и сите се пријавени во системот на РФМ. Покрај задолжителните пионерски категории, Вардар ќе има и кадетска и младинска генерација.