Вардар добива шанса за одмазда – ќе игра нов натпревар со Еурофарм Пелистер

Само четири дена по поразот во финалето на Струшкиот турнир, ракометарите на Вардар ќе имаат шанса за реванш против Еурофарм Пелистер.

Битолскиот клуб, кој за разлика од Вардар ќе нема официјални натпревари до вториот викенд од септември, мора да ги пополнува празнините со пријателски дуели.

Еден од нив ќе биде одигран в четврток во Скопје, а вардарци веројатно в сабота ќе одиграат уште еден пријателски натпревар против Металург.

До 29 август, кога ќе се игра реваншот со Нексе од четвртфиналето на СЕХА, вардарци ќе имаат доволно време да ги исправат голем дел од грешките што ги имаше на финалето во Струга.