Вардар ги чува своите деца: Стефан Атанасовски потпиша договор на две години!

Европскиот шампион Вардар во иднина ќе има многу повеќе македонски ракометари во својот ростер, а тој факт го потврдува и најновиот потпис.

Кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, кој веќе дебитираше минатата сезона за првиот тим се обврза на нова двегодишна верност и ќе биде дел од тимот предводен од Стевче Алушовски.

Атанасовски лани играше во СЕХА лига, беше во ростерот и за Лигата на шампионите, но таму не доби шанса.

Претходно договорите ги продолжија Марко Мишевски, Стефан Крстевски и Давид Гашовски, како и искусниот голман Борко Ристовски.

Оваа седмица ќе биде познато и кои ракометари од ланската сезона ќе си заминат од клубот, а кои ќе ја продолжат верноста. Најавено е дека Дибиров, Калараш, Чупиќ, Дисингер, Кизиќ, Стоилов, Горбок…ќе останат да ги бранат и понатаму боите на Вардар.