Вардар ги чека Партизан и Татран, билетите пуштени во продажба

Од утре во продажба ќе бидат пуштени билетите за двата домашни натпревари на Вардар во рамки од новата сезона во регионалната СЕХА Лига.

Како што е веќе познато, избраниците на Владо Недановски настапот во регионалното натпреварување ќе го започнат на гостински терен кај словачкиот шампион, Татран Прешов.

По одигрувањето на првото коло од групата Б, актуелниот шампион на Македонија на 1 и 10 февруари ќе биде домаќин на Партизан, односно Татран Прешов.

Раководството на Вардар одлучи од утре да стартува продажбата за дуелите против Партизан и Татран Прешов, а двата меча ќе бидат одиграни во СЦ ,,Јане Сандански”.

Билетите ќе се продаваат по цена од 150 и 200 денари. Од утре ќе биде активен и линкот за онлајн купување преку продажната мрежа на mktickets.mk.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ВАРДАР

ГРУПА Б

28.01 Татран Прешов – Вардар

01.02 Вардар – Партизан

10.02 Вардар – Татран Прешов

28.02 Партизан – Вардар