Вардар имаше понуда за унгарски пивот, но…

Тимот на Вардар полека го комплетира ростерот за следната натпреварувачка сезона во која ќе има и домашни и меѓународни предизвици.

Откако пропадна опцијата со Владимир Врањеш, на мета на „црвено-црниот“ тим беше 26-годишниот унгарски пивот Марк Ковач, кој имаше понуда да дојде во Скопје, но сепак ја одби и се пресели во Татран Прешов.

Од словачкиот клуб не го криеја задоволството со ангажманот на Ковач.

„Ние биравме од десетина слободни пивоти на трансфер пазарот. Заедно со тренерот баравме пивот кој ќе одговара на нашата нова игра. Марк имаше неколку понуди. Тој го одбра Татран пред Вардар, иако имаше понуда да се пресели таму и ние сме среќни поради тоа. Веруваме дека направивме добар избор и дека тој ќе ги исполни нашите очекувања“, изјави Мариан Магдошко, директорот на Татран.

Ковач потекнува од академијата на Веспрем, а беше дел од словенечката Добова, унгарските Егер и Комло, пред да се пресели во романската Орадеа.

Минатата сезона во Вардар на пикерската позиција настапуваа Стојанче Стоилов, Михаил Аларов, Милан Лазаревски и Стефан Атанасовски.