СТРУГА 2022: Вардарци со „сите сили“ доаѓаат по рекордна титула во Струга (Фотогалерија)

Ракометарите на Вардар пристигнаа во Струга во комплетен состав, заедно со засилувањто Андреј Добрковиќ, кадетскиот репрезентативец на Црна Гора, по одбрана на трофејот и рекордна 14. титула. За „црвено-црните“ турнирот во Струга ќе биде единствена контрола пред играњето на четвртфиналниот меч од СЕХА лигата против Нексе во Скопје. Скопјани ќе играат во група заедно со тимовите на Бутел, Алкалоид и Целје. Во другата група се екипите на Еурофарм Пелистер, АЕК Атина и Татран Прешов. Натпреварите се играат во период од 16 до 20 август на отвореното игралиште во Струга.

Вардар пристигна во Струга