Вардарци полека се комплетираат: И Дисингер пристигна во Македонија (ФОТО)

Интернационалецот од Германија, Кристијан Дисингер пристигна во Македонија и е подготвен да стартува со подготовките за новата сезона со колегите од Вардар.

Дисингер успеа да заздрави од повредата и хируршката интервенција, па ќе може да почне и со подготовките и да се стави на располагање на тренерот на Вардар, Стевче Аушовски уште од стартот на тренинзите.

Дека е во Скопје можеше да се види на социјалните мрежи, а фотографијата беше објавена од страна на неговата понежна половина.