Вардарци и Митревски на средба во Франкфурт (ФОТО)

Ракометарите на Вардар славеа на тешкото гостување кај францускиот Монпелје, но немаа многу одмор.

Денеска патуваа од Марсеј до Франкфурт, а потоа од Германија летаа до Загреб, од каде пак треба да се упатат кон Нашице.

На аеродромот во Франкфурт вардарците Талески, Томовски и Стоилов имаа средба со репрезентативниот колега Никола Митревски.

Митревски и неговиот клуб исто така се враќаа од гостување во Лигата на шампионите кај Веспрем преку Будимпешта и Франкфурт до Порто.

Вардар утре му гостува на Нексе Нашице во регионалната СЕХА лига во натпревар што стартува од 20:00 часот.