Вардарки убедливи против Спартак, лесно до нови три бода

Ракометарките на Вардар и Спартак одиграа интересен првенствен натпревар на кој фаворитот не дозволи изненадување и дојде до бодовите победувајќи со 31:22.

„Црвено-црните“ имаа повеќе од играта во поголемиот дел од средбата така што не дозволија изненадување. Почетните минути беа интересни бидејќи и резултатот беше тесен. При 4:3 за Вардар гостинките стигнаа до три гола во серија и беше 4:6.

Тука се случи клучниот момент во кој натпреварот отиде во еден сосема друг правец. Вардар направи 7:0 и поведе со 11:6 така што во продолжението од средбата се чуваше ова водство за на  одмор да се замине со предност од 15:11.

Во второто полувреме веќе не се препушти ништо на случајноста и домашните само тргнаа посилно за да стигнат до високи девет гола на крајот, 31:22 и нови три бода.

ВАРДАР – СПАРТАК       31:22 (15:11)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Митко Ѓоргиевски од Скопје.

ВАРДАР: Грујовска, Трајковска, Попова, Ѓеоргиевска, Стефаноска 3, Џатевска, Лазаровска, Трпевска 10, Костовиќ 2, Диневска 4, Миновска 3, Галевска, Стојановска 1, Васевска, Коцева 4, Дамјановска 4.

Седмерци: 7/9, Исклучувања: 14 мин.

СПАРТАК: Станчева, Ѓошевска 4, Ивона Кимовска, Цветковска, Франковска, Божиновска, Бочваровска, Василева 1, Велигденова 2, Буразер, Гроздановска 3, Коларовска 8, Драговиќ, Ива Кимовска 3, Трајановска 1, Самарџиоска.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.