Вардарки без мака против Овче Поле СУ

Ракометарките на Вардар ја продолжуваат победничката серија во Женската лига, откако славеа убедливо над Овче Поле СУ со 40-19.

„Црвено-црните“ ракометарки поведоа уште на стартот со 6-0 и веќе беше јасно какво натпревар ќе гледаме во продолжение.

До крајот на полувремето беше плус 11 за избраничките на Драгана Ристова, 20-9, а во вториот дел шанса за настап сите ракометарки од клупата.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Сара Миновска со осум погодоци, како и Ива Јаковчевска и Катерина Дамјановска со по шест. Кај гостинките од Свети Николе се истакна Елена Вучевска со седум голови.