Вардарецот Валчак со Полска ќе се бори за учество на ЕП (ФОТО)

Селекторот на полската репрезентација, Патрик Ромбел, го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Како и на досегашните средби, Ромбел ќе смета на кружниот напаѓач од Вардар, Патрик Валчак.

Полска ја очекуваат важни натпревари против Словенија на домашен терен и против Холандија на гостински терен. Словенија е прва на табелата со 5 бода, Холандија е втор со 4, исто толку има и Полска.

Полјаците мора да остварат еден триумф ако сакаат да се надеваат на место на континенталниот собир во Унгарија и Словачка следната година.