Валчак: Порто ги казни сите наши грешки со лесни голови

Ракометарите на Вардар беа поразени на гостувањето кај Порто со 27-24, иако имаа шанса во финишот да се изборат за нешто повеќе.

Пикерот Патрик Валчак, исто како и тренерот Алушовски смета дека грешките во нападот беа казнети со лесни голови од Порто и пресудни за поразот.

„Честитки за Порто, одигра одлично вечерва. Што да кажам за мечот, мислам дека почнавме одлично во одбраната и со лесни голови од контранападот. Но по неколку минути тоа престана и влеговме во проблеми. Во финишот исто така одбраната не беше лоша, но проблемот беше во нападот. Порто го искористи тоа да постигне лесни голови. Тешко е да се игра долго време 7 на 6, ние исто така пропуштивме неколку обиди на празен гол“, вели Валчак.

Следен предизвик за вардарци ќе биде врзаното гостување кај ПСЖ и Фленсбург на 9 и 11 февруари.